„Икеа“се шири на Балканот, но не и во Македонија


Шведската компанија за мебел и предмети за домаќинство „Икеа“ отвори голем трговски центар во Загреб, а планира да отвори и осум продавници во повеќе градиови од регионот.

gikeaНиту една од овие осум прдавници нема да се отвори во Македонија.

Засега, според изјавата на претставникот на компанијата за Словенија и Хрватска, Игор Стефанац, за словенечкиот весник „Финанце“ сигурни локации се  оние во  Љубљана и Белград, се преговара за локации и во Риека, Сплит, Нови Сад и Ниш.

Центарот во Љубљана ќе се гради  веќе следната година, на 84 илјади квадратни метри земјиште кое има намера да го купи од словенечката фирма „Триглав“.

– Преговорите уште траат, додека не го склучиме договорот нема да објавуваме никакви информации- вели Штефанац.

Тој потврдува и дека се преговара и за земјиште во Сплит, бидејќи првично понудената локација од Градот не ги задоволувала потребите на Швеѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1