Икона започнала да мироточи


Во црквата во хабаровската богословија (Русија), на 20 август годинава започнала да мироточи иконата на небесниот покровител на таа научна установа, св. Инокентиј Московски, јавува Информативната служба на Хабаровската епархија.

sv-inokentij-cudo-1

– Мироточењето први го виделе учениците во нашата богословија кои во тоа време присуствувале на вечерната молитва. Кога ни го посочија тоа, видовме дека од очите на свети Инокентиј Московски течат потоци. Тоа е икона на нашиот покровител, и затоа веднаш отслуживме Молебен – изјавил првиот проректор на Хабаровската богословија, Епископот Бикински Ефрем.

Кога ја отвориле заштитната обвивка на иконата за да се убедат во нејзиното мироточење, храмот се исполнил со благоухание. Чудото било документирано во посебен акт. Мироточењето продолжило и следниот ден. Крупни капки, слични на солзи, се слевале по ликот на светителот на иконата, собирајќи се на нејзиниот долен дел.

Инаку, иконата заедно со честица од моштите на светителот е живописана во Троице-Сергиевата лавра, и богословијата ја добила на дар од блаженоупокоениот Патријарх Алексеј II.

Извор: Православие.ру

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1