„Или ќе станете муслимани или ќе ви убиеме“ – загорчен животот на над 2.500 лица


„Станете муслимани до пладне, инаку ќе ве убиеме“. Со вакви закани народот Јазиди бега од своето родно парче земја, во страв од џихадистите.

Тие пристигнаа кај Јазидите вооружени со тешка артилерија, мавтајќи црни џнамиња, а преплашените луѓе во ужас и страв гледаа низ своите прозори.

1jazidibegaatЗа секунда секој дом беше обиколен од џихадистите.

Над 200 милитанти го опседнаа нивното село и со ужасни и монструозни закани ги натераа да ги напуштат своите родни домови.

-Ни рекоа да станеме муслимани или ќе не убијат, вели Фалах, градоначалник на областа, истакнувајќи дека им понудиле големо богатство за да ги остават на мир, но тоа било одбиено.

Во селото живеат 2.500 мажи, жени и деца од малцинството Јазиди.

-Да немавме семејства, ќе се обидевме да избегаме. Но тука има илјадници деца и жени, како да ги оставиме, додава градоначалникот.

Рокот за прифаќање на исламот или смрт истекува денес, точно на пладне, по што над 2.500 лица може да ги изгубат животите и Јазидите да згаснат во крвава битка.

Голем број од нив бегаат од родната земја за да се спасат, но многумина останаа до крај да ги штитат своите домови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1