Илјадници мигранти пристигнаа во Србија – се чекаат уште илјадници


Група од околу две илјади мигранти во текот на ноќта пристинале во Прешево, откако пет илјади лица во 50 автобуси тргнаа за Србија, известува Танјуг.

Пред прифатниот центар во Прешево има колона долга повеќе од половина километар, а според Танјуг се работи за група од околу две илјади луѓе кои во саботата го пробија кордонот на македонската полицја и ја поминаа грчко-македонската граница.

Tanjug

Tanjug

Бегалците рекле дека во Србија влегле без проблем и дека немале никави проблеми со полицијата. Пред прифатниот центар во Прешево редот е доста голем а од Црвениот крст, УНХЦР и Комесаријатот за бегалци на мигрантите им делат храна, вода и средства за хигиена. Во Прешево има и неколку автобуси кои мигрантите ќе ги пренесат до Белград.

Танјуг наведува дека големиот број на мигранти кои ја преминале грчко-македонската граница во саботата и стигнаа до Гевгелија, потоа со организиран превоз – автобуси, минибуси и такси возила заминаа за Србија.

Според Јасмин Реџепи од невладината организација Легис, специјалната единица на македонската полиција – ЕБР, со помош на локалната полиција организирала превоз за сите мигранти кои во саботата биле затекнати во Гевгелија. Според Реџепи се работи за „неофицијален“ превоз и дека бројката на мигранти изнесува скоро пет илјади.

„Тоа значи дека автопревозници од сите страни на Македонија дојдоа да ги префрлат патницити, односно мигрантите до српската граница. Имаше десетици автобуси, повеќе од 50, исто така и минибуси и такси возила. Тоа што е најважно е дека луѓето плаќаат за својот превоз, како што и досега го правеа тоа со автобусите и возовите“, рекол Реџепи.

Според него, она што се случи во саботата, кога околу илјада мигранти на две места го пробија кордонот на полицијата на границата, е последица на тоа што полицијата загубила контрола па ги пропуштила луѓето, а дел од границата некои ја преминале и сами, така што не можеле на сила да ги спречат и на крајот сите тие успеале да влезат во македонска територија.

„Малтене ја окупураа Гевгелија, имаше поплава од луѓе, околу 4-5 илјади влегоа во градот, возовите примија колку што можеа, а потоа се организираше неофицијален превоз за остантите“, рекол Реџепи.

Агенцијата Бета пренесува дека додека се вршел неофицијалниот организиран превоз на мигрантите, истовремено на железничката станица во Гевгелија околи три илјади бегалци од северот на Африка и Блиски Исток од саботата вечер чекаат вонредни возови кои ќе ги пренесат до граничниот премин Табановце на границата со Србија. Тие спијат на тротоари, клупи и паркови во близината на граничниот премин со Грција, кој е обезбедуван од засилени патроли на македонската војска и полиција.

Од македонското МВР најавиле дека полицијата и натаму ќе ги пропушта бегалците од грчка страна во групи од по 200 до 300 луѓе, пришто предност имаат жените и децата. Се очекува сите од Грција и Македонија да се упатат кон Србија, бидејќи намерата на повеќето од нив е да го продолжат својот пат кон развиените земји на ЕУ и таму да побараат азила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1