Им јавиле дека таткото починал, отишле да го земат телото а тогаш се покажало дека е грешка


Што би се случило кога од болницата ќе ви јават дека починал ваш член на семејствотo, а кога вие ќе отидете таму, ќе го затекнете како смирен седи на кревет и ве прашува како сте… На тоа прашање одговор имаат најблиските роднини на Синан Мешкиќ, кои по најтажната вест за неговата наводна смрт, тргнале во болницата за да го земат телото и да се спремат за погреб, пишува сараевски Дневни Аваз.aldijana-740x315-72634

Сцената се случила во болницата Тешањ во централна Босна каде Синан се лечел од болест на црниот дроб. Неговата ќерка, Алдијана добила телефонски повик од болницата.

– Кога ми рекоа дека умрел, целиот свет ми се сруши во една секунда. Тој е мојот татко, раскжала таа за весникот.

Веднаш откако ја примила веста, со семејството собрале се што е потребно, тргнале да извадат документ за смррта и се упатиле кон болницата заедно со оџа за да го земат телото и да се подготват за погреб според исламските обичаи.

Но кога зетот на Синан, Харис, стигнал во болницата, го здогледал својот дедо како седи на еден од креветите.

– Нозе ми се пресекоа, изјавил Харис кој додал дека прво со неверување гледал во човекот за кој јавиле дека е мртов. Синан го погледал затот во очи и го прашал – Добар ли си?

Вистинската драма следела откако Харис им се јавил на неговата сопруга и свекрва за да им пренесе дена Синан е жив. На жените тогаш им се слошило и велат дека се почувствувале како некој да си игра со нив.

Семејството најавило дека ќе поднесе тужба и велат дека од болницата се уште никој не им се извинил.

– Жив човек да погребуваме…нека им е срам, изјавила ќерката Алдијана.

Диракторот на болницата пак, Рифат Сејдиновиќ изјавил дека настанала грешка при внесувањето на телефонските броеви на два различни пациенти во системот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1