Им се запалиле возилата – ги тепале пожарникарите


Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија – НСПМ упатува реакција до јавноста по немилите настани што се случија во средата, на 12.08.2015 година, кога при гасење опожарено патничко пожарникари биле физички нападнати  од граѓани чии што возила беа опожарени.protivpozarna500

По овој немил настан, Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија сака да нагласи дека пожарникарите беа излезени на терен со една и единствена задача – да ги изгасат опожарените возила и да спречат пожарот да се прошири на околните возила и објекти.

„НСПМ апелира до граѓаните да им овозможат  на припадниците  на противпожарните единици непречено да ја извршуваат својата службена должност и да ги заштитат животите и имотите на граѓаните. Сакаме да нагласиме дека припадниците на противпожарните единици најсовесно, најпрофесионално и по цена на сопствениот живот секогаш и секаде имаат само една цел – да се отстрани непосредната присутна опасност по животот и здравјето на луѓето и материјалните средства и да се спречат штети од поголеми размери. Во остварувањето на таа цел голем број наши колеги  досега несебично го дале својот живот или трајно го нарушиле своето здравје.

НСПМ очекува и дека Обвинителството ќе покрене соодветна постапка во согласност со овластувањата, а врз основа на пријава на Министерството за внатрешни работи заради напад врз службено лице при вршење на службената должност, како и спречување на службено лице во вршење на службената должност. Нашата цел е да се овозможи противпожарните единици безбедно да ја извршуваат својата работа, а со тоа да ги заштитат граѓаните и нивните имоти од опасност.“ – стои во реакцијата на Синдикатот на пожарникарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1