И покрај тоа што Анет Ларкинс има 72 години, сепак таа изгледа и се чувствува како да има 30 години.
Ларкинс решила да се грижи за своето здравје без лекови и без хемикалии водејќи се од една древна изрека на Хипокрит која гласи:
„Храната нека биде вашиот лек и нека лекот биде вашата храна!“.
Таа се одлучила да се храни само со растителна храна, па со години не јаде ништо од животиснко потекло, а овошјето и зеленчукот ги одгледува во својот двор без употреба на вештачко ѓубриво и хемикалии.
Според неа само она што расте од земја е она што Бог ни го дал да биде наша храна, а не мртвите животни кои наместо да ги убиваме и јадеме, треба да бидат наши пријатели. Конзумацијата на производи од животинско потекло се основната причина за појава на карцином и други тешки болести на денешницата.
Анет е родена во 1942 година, во Северна Каролина, меѓутоа најголем дел од својот живот минала во Флорида, која ја смета за свој дом. Таму го запознала својот сопруг, кој е девет години постар од неа. Со него се oмажила на 16 години. Пред да наполни 19 години, таа родила два сина и тоа во интервал од 10 месеци.
Напишала книга со совети што треба да се јаде, која што е многу барана меѓу приврзаниците на нејзиниот начин на живот.
„Секогаш сум сакала да мотивирам поединци да направат промена во својот живот и да го подобрат неговиот квалитет ми се допаѓа да ја стимулирам нивната психа и да им помагам да ја пронајдат својата внатрешна сила“, објаснува таа.
Што јаде?
Рецепт за еден од нејзините здрави оброци: зелка салата, исечкана зелена салата, булгур (намирница од органско потекло која се прави од пченица, може да се купи во продавници за здрава храна), црвена пиперка, брокула, печурки, солени крекери и ким.
Нeјзин предлог за ручек: Див ориз, лук, малку леб натопен во сок од авокадо, парче авокадо, ситно сечкан црвен пипер.
Во својата градина, Анет одгледува „дрво на животот“ Нони. Плодот од дрвото се користи за правење сок, за мелеми, а листовите за чаеви. Познато е дека мелемот од Нони, значително помага кај кожни болести.