Има ли спас од лажните коледари? 25 годишни роми тропаат по врата и пеат цел ден (Видео)


Коледе претставува долгогодишна традиција, во која малите деца – коледарчиња, го најавуваат раѓањето на синот Божји и се предвесник на Бадник и Божиќ, најголемиот христијански празник.

15338351020129333555864432609986nСепак, не е се така убаво кога станува збор за овој обичај. Наместо детскиот глас утринава уште од пред зори дебел глас – БАРИТОН на 25 годишни роми ги будеа скопјани. Возрасни роми со бебиња во рака се дереа пред вратите се со цел уште пред да почнат да пеат православните дечиња да соберат што повеќе чоколади, пари и останато што после може да го препродаваат. Оваа слика разочара многу домаќинки кои со радост чекаа да го слушнат детскиот глас на коледарчињата.
Од фотографиите и видеото, како и информациите од нашиот колега од Сител, мали деца-роми, во текот на утрово се користени од нивните родители за собирање на храна, но пред се, пари од домовите на скопјани.
На фотографиите се гледа дека, главниот, повозрасен им ги собира подароците од луѓето на дечињата и откако тие му помагаат да ја стартува колата си оди. Додека пак, на видеото се гледа дека овие коледари ги одвојуваат подароците, и она што ‘не им треба’ како што се јаболките, ги фрлаат во контејнер.
Видео/Фото – Сител
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1