ИМА МИЛИОНИ, А РАБОТИ ВО МАГАЦИН: Не стигнав ништо да купам, цел ден работев (ВИДЕО)


Британецот Сајмон Растиџ освоил добивка од 250.000 фунти што ќе му легнуваат на сметка секоја година и тоа следните 15 години, но тоа не го спречило следното утро уредно да стане и да си отиде на работа.

Четириесет и седумгодишниот Сајмон, кој работи во магацинот на една стоковна куќа во Варингтон, го купил лозот сосем случајно во локаната продавница за 10 фунти, на што освоил вкупно 3,75 милиони фунти. Но, овој неверојатен настан не му го променил секојдневието. Сајмон следниот ден отишол на работа во магацинот, како и обично, а не планира ниту да ја продаде својата куќа и да ја замени со поголема. Исто така, тој не планира да се пензионира и да ужива во парите.Screenshot_29

„Денеска работев. Се разбудив, појдов на работа и одработив деветчасовна смена како и обично. Можеби ви се чини чудно, но мојот живот ќе си продолжи со нормален тек, како и досега. Тоа не значи дека нема да ги трошам парите. Но денеска имав работа, па не стигнав ништо да купам“, рече Сајмон за локалните весници, пренесува Daily Mail.

Уште и додаде дека е среќен, но дека му е најважно што неговите четири деца се згрижени. Вели дека чувството е прекрасно и дека се радува на промените што добивката ќе му ги донесе, а за кои ќе се потруди да бидат само позитивни.

Неговата поранешна жена Мелани изјави дека не е љубоморна на неговата добивка, но дека сепак малку му завидува.

„не очекувам дека ќе ми даде пари и баш би сакала јас да ја освоев таа добивка, но сè додека се грижи за децата, мислам дека тоа е одлично. Но, неговата добивка нема да го промени моето мислење за него“, вели Мелани.

Сајмон добивката ја прослави со својата партнерка, 38 годишната Жаки.

„Кога дојде дома, отворивме шише шампањско. Парите легнаа на мојата сметка истиот ден. Морав да се штипнам за да се уверам дека ова е стварно“, објаснува Сајмон.

Иако не планира да се сели во поголема куќа, сепак планира да купи нов автомобил, а сонува да купи годишен билет за омилениот рагби тим. Реши и да го почести своето семејство со двонеделен одмор во Менорка.

„Обично не ги купувам тие лозови, бидејќи всушност се скапи. Но неколку дена претходно освоив 120 фунти и некако се чувствував дека ми оди. Кога го изгребав лозот не можев да верувам, морав да му го дадам на трговецот да ми потврди дали навистина ги освоив тие пари“, опишува Сајмон.

Тој има и внуци, па дел од парите ќе вложи и во нивната иднина.

Сајмон Растиџ е втор добитник на лотарија на своето работно место. Во јануари оваа година членовите на синдикатот на транспортната компанија Norbert Dentressangle освоиле 1,7 милиони фунти, а само шест недели претходно пред добивката на Сајмон, откриле дека се добитници, бидејќи заборавиле да го проверат лозот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1