Има планета подобра за живот од Земјата?


Околу ѕвездата Алфа Кентаур Б кружи планета која има подобри услови за живот отколку на Земјата. На оваа планета во нашето блиско соседство постои супер населива планета, со многу острови, плитко море и благи ридови, пишува Нова Македонија.

03022014092304_alfa-kentaur-bНа оваа планета, како што тврдат научниците, постојат услови за живот 10 милијарди години! Сепак не е се така идеално и гравитацијата на неа е за 25 отсто посилна од онаа на Земјата.

Со претходните теории, услови на живот можат да постојат само на планети со големина на Земјата, кои кружат околу ѕвезди како Сонцето. Последните години има промени во научните тврдења , посебно по откривањето на населени егзопланети.

Рене Хелер од Универзитетот во Хамилтон во канада и неговите колеги анализирале различни податоци и критериуми, вклучувајќи ја и гравитацијата, староста и  внатрешната структура на егзопланетата.

– Баравме само планети кои би можеле да одржат живот од седум до десет милијарди години, вели Хелер.

Тој вели дека се најдени подобри планети за живот малку поголеми од Земјата и кои кружат околу портокалови ѕвезди малку помали од Сонцето.
Сепак, други научници се малку попретпазливи и велат дека треба да се причека со претпоставките дека има планети подобра за живеење од Земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1