Се задушиле додека воделе љубов во запалено возило во гаража


Кит пајтон (40) и Салина Џонсон (40) од Вилијамспорт, Пенсилванија, биле пронајдени мртви во петокот, во автомобил во гаража.

kola garazaПолицијата претпоставува дека Кит и Салина починале во текот на сексуален однос, затоа што Џонсон била делумно облечена. Во автомобилот бил најден и прибор за консумирање дрога.

Моторот бил запален, но возилото останало без бензин. Печката на керозин исто така работела, но и таа се испразнила. Во гаражата било детектирано високо ниво на јаглерод-моноксид, кој бил причина за смртта.

Двојката е пронајдена откако што братот на Пајтон, кој ја изнајмил гаражата, испратил познаник да го побара Кит. Како што се наведува во полициските извештаи, Пајтон, уште во четвртокот отишол во гаражата, каде нешто требал да му остави на братот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1