Има сомнеж дека трудната Бојана се убила пред свадба: Како пукала два пати во себе?


По смртта на бремената Бојана Милановиќ (24), припадничка на војската на Србија, нејзината мајка Снежана во потресната исповед раскажува дека се сомнева во официјалната верзија и не верува дека нејзината ќерка извршила самоубиство.

Мајката скршена од болка, вели дека ќерка и била весела, расположена и пресреќна заради бременоста.

-Немаше причина да крене рака на себе, рекла Снежана.

Таа додава дека инспекторите кои вршеле увид имале сомнеж во врска со смртта на Бојана.

-Бојана е најдена мртва во кревет, во долна облека во која инаку спиела. Имала две рани на телото. Инспекторот кој го вршел увидот рекол дека според положбата на телото и раните, таа не можела да пука во себе, рекла Снежана.

Таа додала дека едната рана од куршумот била под левата дојка, а другата на главата.

-Како е можно два пати да си нанесе смртоносни повреди, се прашува и како никој од семејството не дошол да ја види Бојана, кога се слушнал истрел.

-Беше заљубена и подготвуваше свадба, зарем би можела да си го направи ова, прашува мајката на Бојана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1