Има живот и на други планети


Вонземјани дефинитивно постојат. Така, барем тврдат двајца астрономи кои од американскиот Конгрес бараа продолжување на финансирањето на програмата за потрага по животот надвор од Земјата, пишува “Хафингтон Пост”.

planetaДан Вертимер, директор на центарот “Потрага по вонземска интелигенција” (СЕТИ) при Универзитетот во Калифорнија, пред конгресниот Комитет за наука, вселена и истражувања рече дека “речиси 100 отсто е можно постоење на вонземски микробен живот”.

– Последните 50 години доказите цврсто укажаа на тоа дека компонентите и условите за кои мислиме дека се потреби за живот се почести и се поприсутни во нашата Галаксија, порача Вертимер, додавајќи дека најверојатно е можно да се развива живот и на други места и затоа се потребни научни истражувања.

Колегата на Вертимер, Сет Шостак, астроном од СЕТИ, рече дека верува оти шансите да биде пронајден живот надвор од Земјата се големи.
– Мислам дека шансите се добри, а дали тоа ќе се случи во наредните 20 години ќе зависи од финансиите, порача тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1