Патувајте во Македонија – летувањето е најевтино!


Балканските земји во последните години се повеќе ги привлекуваат скандинавските туристи со своите туристички капацитети, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

pozdrav-od-makedonija-ohrid-plaosnik-crkva“Свенска дагбладет” пишува дека хотелските и ресторанските услуги во Бугарија, Македонија и Албанија се најевтини во Европа – меѓу 55 и 60 отсто пониски од ЕУ-просекот. И железничките, автобуските, бродските и авионските билети во овие три земји се значајно поевтини во споредба со други европски држави.

На табелата што ја објави “Свенска дагбалдет”, базирана врз резултатите од испитувањето на паритетот на куповната моќ во ЕУ, најевтина земја во Европа во однос на хотелските и ресторанските услуги е Македонија, а на второ и трето место се Албанија и Бугарија.
Србија е на шестото, Босна и Херцеговина на осмото, а Црна Гора на десеттото место. Меѓу 20-те најевтини европски земји Хрватска и Словенија го заземаат 18-то и 19-то место, веднаш пред Шпанија, која е на 20-то место.

Во бројни написи во шведските весници во пресрет на годинашната летна туристичка сезона се потсетува дека пред падот на Железната завеса бугарското црноморско крајбрежје имало статус на еден вид Мајорка во рамки на Источниот блок.

Туристи од Источна Европа и понатаму остануваат за Бугарија, но не е мал бројот и на посетители во бугарските крајбрежни туристички центри од западноевропските земји, вклучувајќи ги Швеѓаните. Пред се поради поволните цени.

Хрватска и Турција добиваат високи оценки. Но, ако скандинавските туристи сакаат да добијат максимум за парите што би ги издвоиле за патувања во регионот, тогаш треба да се упатат кон Бугарија, или кон соседните Македонија и Албанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1