Сите имаме слушнато за случаи во кои милионери останале без денар во џеб, без разлика дали поради коцкање, погрешно инвестирање, развод или расипништво. Меѓутоа има и од оние кои покрај огромното богаство продолжуваат да живеат нормално како обични луѓе.
Ова се славните личности кои во приватниот живот не се „расфрлаат“ со своите пари
Сара Џесика Паркер- 90 милиони долари
Познатата глумица потекнува од релативно сиромашно осумчлено семејство. По се изгледа минатото ја прогонува, па таа и понатаму живее скромно. На своите деца не им купува брендирана облека и воопшто во приватниот живот не се однесува како нејзиниот лик од познатата серија „Сексот и градот“.
Тајра Бенкс- 90 милиони долари
Сите кои ја познаваат знаат дека таа е многу економична. Дури има и сметководител кој ја советува пред нешто да купи. Позната е по тоа што остатоците од храната од претходниот ден ги јаде, а од хотелите во кои отседнува дома си ги носи сапуните и шампоните.
Џеј Лено- 350 милиони долари
Тој е еден од најуспешните ТВ водители на американските медиуми. Лено никогаш не го заборавил животот пред да стане и богат и да се згобати. Заработката од своите емисии ја става на страна, а живее од хонорарот кој го заработува како стенд ап комичар. Дел од заработените пари ги инвестирал во стари автомобили кои му се единствена страст.
Тим Кук- 400 милиони долари
Сегашниот директор на „Епл“ живее во скромен стан, не патува со приватен авион и смета дека човекот го прави успешен неговата работна етика, а не парите во банка. Јавно се изјаснува дека е против „расфрлување“ со пари, екстравагантен начин на живот и луксуз. Горд е на својата работна етика кој и понатаму му е мотивација за непрекинато работење.
Ворен Бафет- 63 милијарди долари
Еден од најбогатите луѓе на светот живее како и секој припадник на средната класа. Неговиот дом чини околу 30 илјади долари. Но, за него не може да се каже дека е скржав бидејќи добар дел од своето богатство го дава за хуманитарни цели.
Netpres.mk