Имаат сè, освен деца. Еве и зошто…


Многу жени се одлучуваат на живот без деца, но тоа е сè уште табу тема во нашето, наводно отворено општество кое што и понатаму ни наметнува стереотипни улоги.

“Обичните” жени поради неразбирањето на околината не зборуваат премногу за причините поради кои што решиле да донесат на една ваква одлука, но пак затоа славните жени без проблем откриваат зошто никогаш не посакале да родат дете. Еве што велат тие:tocka-173072

Опра Винфр

“Кога би имала свои деца, тие би ме мразеле. И веројатно би завршила на некое шоу, како моите, каде што би зборувала за себе си затоа што нешто во мојот живот дефинитивно би ги чувствувало последиците поради кариерата, а тоа со сигурност би биле моите деца.”

Глорија Стејнем

“Потполно сум среќна без оглед на тоа што никогаш немав деца. Не треба секој да живее на ист начин. Секој оној кој што поседува матка не значи дека треба да има деца, исто како што и секој кој што поседува гласни жици не треба да биде оперски пејач.”

Бети Вајт

“Никогаш не зажалив затоа што не родив дете. Ако некогаш останев бремена, тогаш тоа би било и главен фокус во мојот живот, но јас избрав живот без деца бидејќи бев фокусирана на својата кариера. Со оглед на тоа дека сум доста компулсивна, мислам дека не би можела да ги имам и двете.”

Ким Катрал

“Не сум биолошки родител, но сепак сум родител. Имам внуци со кои што сум многу блиска, млади актери и актерки на кои што сум им менторка. Во денешно време постојат повеќе начини за да станете мајка, без своето име да го впишете во изводот на едно дете.

Може и понатаму да ги изразите мајчинските инстинкти и тоа сосема интензивно. Тоа чувство пружа огромно задоволство. Не сум имала можност да менувам пелени, но и помогнав на својата внука да го заврши факултетот. Бев покрај својот внук кога минуваше низ тешки моменти во животот и кога донесуваше важни одлуки. И тоа беа мајчински обврски.”

Хелен Мирен

“Не чувствував потреба за дете, ниту пак сум почувствувала губиток затоа што го немам. Тоа не беше мојата судбина. Никогаш не се случи такво нешто и не ми беше важно што мислат луѓето за мене. Каде и да одев мажите постојано ми говореа – ‘Што? Немаш деца? Подобро е да се фрлиш на работа стара девојко!’. А сè што им кажував јас е да се откачат!”.

 

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1