ИМАМЕ ДОВОЛНО И КИНИН И СУМАМЕД – ако се дозволи, мoже да се лекуваат 10 илјади пациенти


Во земјава има доволни количини и на кинин, лекот против маларија, и на сумамед, антибиотик, лекови за кои најновите светски студии укажуваат дека ако се користат во комбинација, можат да бидат ефикасни во лечење на заболените од опасниот коронавирус.

Од Министерството за здравство тврдат дека лекот против маларија, кинин, во земјава го има во доволни количини, Тоа го укажале и од Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, кои откако ги провериле количините со кои располага земјава, увиделе дека таков лек има на располагање за дури 10.000 пациенти.

Инаку, за коронавирусот се покажало дека колку повеќе АЦ рецептори има организмот, толку повеќе го напаѓа овој вирус и толку е потешка клиничката слика. Токму за лекот кинин, во комбинација со сумамедот, се покажало дека ја оневозможува експресијата на АЦ рецепторите, па со тоа е во поголем број случаи успешен во лекувањето на заболените. Такви студии веќе има, но ова уште не е со сигурнсот докажано.

Доволни количини има и од лекот сумамед, и покрај наглата побарувачка и купување во последниве денови.

А дали и во земјава ќе се користи таа комбинација, нашите здравствени власти ги завршуваат последните процедури.

После ова, за еден до два дена и кај нас би требало да започне лекувањето со оваа комбинација на лекови.

Против оваа болест се покажале ефикасни и терапиите против ХИВ и против САРС.

Инаку, на дел од нашите пациенти им се дава и антивирусниот лек тамифлу, но не на сите, туку само на оние кај кои има потреба според медицинските протоколи.

faktor.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1