Имаме топла есен, но зимава ќе смрзнеме!


Годинава, месец ноември е изненадувачки топол месец. Нема големи дождови, снег и мраз. Годинава ниту температурите не се симнаа под нулата.

Напротив, периодов беше исполнет со сончеви денови и температури до 15. степен. А доколку му веруваме на германскиот метеоролог Доминик Јунг, времето нема да се менува уште неколку недели.zima

-Ладниот воздух над Русија нема да стигне до нас, тврди тој при тоа објаснувајќи дека причината за ова е тоа што моментално над Русија се наоѓаат три полиња со висок притисок, кои содржат ладен воздух додека пак на запад се судираат со полето со низок притисок, што пак резултира со благи температури.

Според Јунг, рускиот бран на нагло заладување, од кој и се плашеше Балканот нема да дојде. Барем не сега. Температурата и во наредниве неколку дена ќе биде над просечната за овој период од годината и ќе се движи помеѓу 10 до 15 степени Целзиусови.

По топлата 2013/14 зима во поголемиот дел на Европа, американскиот метеоролошки портал Accuweather предвидува нешто сосема поинакво за претстојната зима. Порталот Accuweather ја објави прогнозата за зимата која ја потпиша метеорологот Ерик Листер.

Имајќи ја предвид зимата во целина, постојан антициклон би се задржал на Скандинавскиот полуостров повеќето од времето. Поради тоа, делови од северна и источна Европа ќе имаат чести продори на студен континентален воздух, а на Медитеранот нема да недостигаат снежни циклони, особено во вториот дел од зимата.

Овие чести студени продори на континентална воздушна маса од подрачјето на Сибир према запад ќе резултираат со пониски температури од просекот за подрачјето на Полска, Балтикот, Украина, Белорусија и Русија.

Овие студени воздушни маси повремено би допирале и до југот се до Балканот, што во комбинација со средоземните циклони ќе донесат натпросечно снежна зима.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1