До нашата редакција пристигна писмо од револтиран хонорарен работник, кој реагира на правилата за уплата на придонесите од хонорари кој се спроведуваат од Јануари. Ви го пренесуваме во целост
Како може државата да бара да се плаќаат придонеси за хонорари ако хонорарот не е се уште исплатен ????!!!!!
СПОРЕД СЕГАШНИТЕ ОСТРОУМНИ ПРАВИЛА до 15 во месецот треба да платите на УЈП придонеси за хонорар иако тие пари се уште не ви се исплатени??????? што доколку си се олесните од сопствен џеб, а хонорарот никогаш не ви се исплати? (Ова не е ништо ново се случувало и се случува) Ај што ми земате половина од хонорарот за придонеси или околу 45% (За 10 000 хонорар државата ќе ми земе 4800 денари, значи ќе работам за пишливи 5000) – Да разберам да ми рачунате на уплатени хонорари , ама вие сега АРАЧ ми мавате на ПРАЗЕН ЏЕБ???? НА СЕУШТЕ НЕ ДОБИЕН ХОНОРАР???
Хонорарци, а и вработени отворете очи – Според македонските закони УЈП не го интересира дали ви исплатиле вам или не тие се грижат само за парите кои ним треба да им се уплатат.
Не е од памет – дури и за плата.. Ако газдата му плати на УЈП придонеси за вас, а вам не ви исплати плата обидете се да се жалите во УЈП – ќе ви кажат дека опција ви е само да тужите.
И еве да речеме и да тужите – ај што ќе заглавите по судови најмалку 2 години – а дали знаете колкави се давачките за тужба и жалба на суд. Еве да речеме имате некоја зделка огромен хонорар за да поднесете тужба треба да платите процентуално од сумата која ја побарувате – а понекогаш овие пари кој треба да ги имате во џеб да му ги плукнете веднаш на судот (ако не не почнува постапка), се АСТРОНОМСКИ СУМИ
Од друга страна – очекувате од нас да завршиме школо за сметководители за да можеме ажурно секој месец да ви пополнуваме по 10 образци вакви и онакви ??? и да ви ги доставуваме до УЈП ( не сте свесни дека со ова ги малтретирате луѓето со непотребна папирологија.. Пресметајте сами колку сум зел на сметка та нели сте држава!!!)
Па прашувам ИМАТЕ ЛИ ПАМЕТ. Хонорарец кој едвај крпи крај со крај со 12/15 000 денари хонорар. ТРЕБА НА ДРЖАВАТА ДО 15 ВО МЕСЕЦОТ ДА ВИ ПЛАТИ ОКОЛУ 7000 од џеб иако хонорарот се уште не го видел??? и ако газдата го изигра и не му плати треба да има за секој случај уште едно 1000 евра во џеб за да може да тужи?????
Александар.П Скопје
– хонорарец не по своја вина. Хонорар со кој како единствен прилив го оддржува своето 3 члено семејство! (а сега од парите што сеуште ги НЕМАМ на сметка, треба однапред да и плаќам на државата и за тоа едно бедно хонорарче)