Имате право – расипаниот телевизор или друга техника да ви го заменат со нов


За телевизор, машина за перење, пегла или компјутер што сте ги купиле во продавница, а ви се расипале во првите шест месеци од користењето, ќе можете од трговецот да барате нов апарат или да ви ги врати парите ако сте незадоволни од неговата работа – ова е дел од европскиот закон за Заштита на потрошувачите, кој според извори на „Дневник“ треба идната 2014 година да се применува и во Македонија. 

tv-fuzzСпоред досегашните прописи, доколку производот се расипе, во никој случај потрошувачот не можеше да си ги врати парите. Трговецот беше должен апаратот да го однесе на поправка во сервис, а нов апарат можеше да се добие само во случај ако сервисерот каже дека апаратот што се расипал не може да се поправи. Искуствата кај нас велат дека и покрај поплаките речиси секогаш потрошувачите го извлекувале подебелиот крај.

Со европскиот закон се намалува рокот во кој трговецот може да одговори на поплаките на потрошувачот. Ако досега рокот беше петнаесет дена, сега тој двојно се намалува. Ако има забелешка, граѓанинот мора да добие одговор во рок од осум дена. Исто така, се воведува и колективна тужба, односно со една тужба може да се решат барањата на многу потрошувачи кои се незадоволни од производите или услугите.

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1