Владината коалиција ја договори распределбата на заменичките местата во министерствата, објави Алсат-М, повикувајќи се на свои извори.Телевизијата објави дека в среда ќе се гласа за замениците. Според договореното ДУИ ги добива замениците во одбрана, внатрешни работи, финансии и образование. Алијансата за Албанците ќе има заменик-министер за труд и социјална политика и за транспорт и врски.
Четворица државни секретари ќе бидат од редовите на ДУИ, и тоа во министерствата за култура, земјоделство, за информатичко општество, и во секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор.
Алијансата за Албанците ќе има два државни секретара, кои според неофицијалните информации ќе бидат во МВР и во Министерството за правда.