Имотни листови и за куќите покрај реки и езера, но без право на отштета при поплави


 Тапии ќе се издадат и за објектите на траси на идни сообраќајници, но и тие, како и куќите во крајбрежните појаси нема да се впишат во урбанистичките планови

Имотни листови ќе им се дадат и на сопствениците на дивоградби во заштитните крајбрежни појаси на реки и езера, но под услов да се откажат од барање отштета во случај на природни катастрофи, односно поплави. Легализација ќе се дозволи и за бесправно изградените објекти кои се наоѓаат на траса на сообраќајница, утврдена со урбанистичко планската документација. Тие, исто како и куќите во крајбрежните појаси нема да се впишат во урбанистичките планови, пишува Вечер.

hrvatska-poplavi

Ова се предвидува со новоподготвените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Според сегашната регулатива за да се овозможи легализација на дивоградбите во крајбрежните појаси потребно е одобрение од Министерството за животна средина и просторно планирање, а на дивоградбите на траси на сообраќајници од Советот на надлежната општина, односно Градот Скопје. Изготвувачите на измените на законот оцениле дека ниту министерството, ниту општините не давале одобренија за легализација, иако се работи за објекти изградени и пред повеќе од 20 години, па од тие причини предлагаат тие веќе да не се потребни. По стапувањето во сила на новата регулатива, негативните решенија за легализација на ваквите објекти ќе се поништат по службена должност и повторно ќе почне постапката за утврдување на нивниот правен статус, но под посебни услови.

Така, за легализација на објектите во крајбрежните заштитни појаси освен вообичаената пропишана документација, ќе се бара и нотарски заверена изјава на газдата дека под сопствена материјална и кривична одговорност дава согласност да се утврди правен статус на бесправниот објект и нема да бара надомест на штета од надлежен орган при настанување на евентуална штета поради елементарна непогода, со оглед на карактеристиките на опфатот во кој се наоѓа објектот.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1