Индиец има 141 год – постар е од гинисовата рекордерка цели 26 години


Индиецот Фероз Уд Дин Мир тврди дека е најстарата личност на планетата и дека има 141 година. Таткото на десет деца вели дека има крштеница на која како датум на раѓање стои 10 март 1872 година.

mir_350_072213115342Дин Мир е роден на планините на северот на Кашмир, се женел пет пати, прв пат во 1890 година.

Моментално е во брак со својата петта жена, која, ако се неговите тврдења во однос на датумот на неговото раѓање точни, е помлада од него 60 години.

Дин Мир се’ уште се движи самостојно.

Исто така, иако видот му е ослабен и забавено зборува, тој се’ уште ги препознава членовите на своето семејство.

metuzalem

Misao Okawa

„Во текот на животот видев и доживеав сешто. Животот некогаш беше многу поедноставен. Кога немаше електрична енергија и друг комфор се’ беше многу полесно и попросто.

Како што стануваа условите за живот полесни, луѓето се отуѓија и се’ потешко им е да живеат еден со друг“ – раскажува потенцијално најстариот човек на светот.

Претставниците од Гинисовата книга на рекорди најавиле дека ќе ги проверат тврдењата на Индиецот, а доколку неговите тврдења се испостават како вистинити, Дин Мир ќе биде прогласен за најстарата личност на светот бидејќи е дури 26 години постар од Јапонката Мисао Окаве, која моментално ја држи титулата со својата 115-годишна возраст.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1