И сопругата на новинарот Кежаровски штрајкува со глад


Притворениот новинар Томислав Кежаровски,од денеска стапи во штрајк со глад, за што е известена и Управата за санкции. Како што изјави за НОВА, Марина Кежаровска и таа почнува да штрајкува со глад, во знак на поддршка на својот сопруг, но и поради безизлезноста на ситуацијата и неможноста на друг начин да му помогне.

kezarovski soprugaКежаровска смета дека ова е единствениот начин да се алармираат сите институции во државата и да се најде излез од апсурдната ситуација во која е нејзиниот сопруг.

Томислав Кежаровски, пред два месеци беше притворен во полициската акција „Ликвидација“ под сомнение дека во два текста што ги објавил пред пет години во магазинот „Репортер 92“ наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок, иако тој тврдеше дека се работи за лажен сведок во овој случај.

Видео – Нова ТВ 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1