Грозното силување во декември кога почина младата студентка во Њу Делхи, а потоа и низата силувања на девојки во автобуси значително е намален бројот на туристи.
Од декември кога беше силувана 23 годишната студентка од група мажи во автобус бројот на туристи кои ја посетуваат Индија се намалил за 35 проценти. Според бројките на 1200 тур оператори низ целата земја најчесто туристките не сакаат да доаѓаат без придружба било на службено или приватно патување во земјата.
Минатиот месец една швеѓанка беше силувана од група мажи во централна Индија додека нејзиниот сопруг бил на кампување, а една британка изјавила дека морала да скокне од нејзината хотелска соба во градот Агра, каде што се наоѓа и Таџ Махал за да избегне силување. Поради ваквите случувања откажани се околу 75 проценти од веќе букираните соби низ цела Индија и тоа најчесто од туристи од Британија, Америка, Канада и Австралија, а наместо во Индија туристите се насочуваат кон Малезија, Тајланд, Индонезија и Виетнам.