Инфективна: Нема ебола во Македонија


Нема ебола во Македонија, смирува денеска доктор Снежана Стојковска од Инфективната клиника откако тројца студенти од Нигерија со покачена температура беа превентивно задржани на клиниката.

urgenten brza pomos klinika– Студентите се пожалиле и превентивно се прегледаат. Добро е што немаат температура, бидејќи заболените од ебола имаат континуирана покачена температура во период од 72 часа, што кај студентите од Нигерија не е случај. Еден од нив е задржан на испитување за да се провери да не има други ендемски заболувања од таа земја, додека другите се пуштени  на домашно лекување – вели Стојковска, пренесува Плус Инфо.

Надлежните здравствени служби на аеродоромот „Александар Велики“ во Скопје пред два дена поради констатирана зголемена температура и симптоми кои асоцираат на  ебола ставиле во карантин две лица од Нигерија. Двајцата биле студенти на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

Со нив од Нигерија допатувал уште еден студент кај кого при прегледот не била констатирана температура или некој друг симптом и тој бил пуштен во Охрид, но поради контактите со нив, и тој бил итно хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1