Големи поздрави до Стеван и Саша. И тие се нашите херои денеска.
Поради неприкажувањето на финалниот натпревар од Лигата на шампиони во ракомет на некоја од македонските телевизии, најголем дел од спортските фанови, овој натпревар го следеа на Арена Спорт и слуша Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно со ракометарите на Вардар.
Се чини дека презентерите беа нашата најголема поддршка, како уште еден играч на теренот или гласна група на терените. Со многу епитети за нашите играчи на Вардар, тие го следеа натпреварот, постојано истакнувајќи ги проблемите со кои се соочуваше Вардар во изминатиот период, но и силната игра со која Вардар го играше вчерашниот натпревар, но и денешното финале.
Балканот не знае да се бори со насилство, тој се бори само со срце. Тоа е моќната порака која ја испраќаме до светот.
Вардар е првак на Европа, во еден глас извикаа гласно презентерите. Радувај се, Македонијо и чувај го овој клуб.
Пред финалето изјавија за sport1.mk
Стеван Стевановиќ: Јас на македонскиот народ му ветив дека обавезно ќе се спуштам долу, ако освојат титула и ветувањето мора да го исполнам. Му реков и на Сретен да си планира, да си подготви средства за патување, така што мора да го одржам зборот. Веројатно и македонската публика ќе го поздрави тоа. На крајот на краиштата, јас жена ми ја побарав на Свети Наум, па малку повеќе сум врзан за Македонија.
На социјалните мрежи повеќе македонци веќе даваат иницијатива на коментаторите да им се обезбеди буквално се и авион и хотел и храна да дојдат да ги угостиме и пречекаме вардаровци заедно.
,,На коментаторите од Арена Спорт би им платил карта до Скопје за пречекот на Вардар и ручек во Александар Палас.,,
,,Komentatorite na arena sport 1 se za sekoja pocit,citiram:ke bidime i vo skopje zaedno da proslavime……,,
,,Bravo za Arena Sport i za komentatorite, koi ne gi zalea svoite glasovi i ne stedea na zborovi koga trebase da se komentira i sega koga se slavi i komentira pobedata.
Jas mislam deka treba da bidat pokaneti vo Makedonija zaedno so Arena Sport i da dobijat ekskluziva za da go vodat spektaklot na precekot na nasite EVROPSKI SAMPIONI i site intervijua so niv.
Zasluzija!!!,,
,,Pokraj celiot fenomenalen prenos sepak najfenomenalna recenica na komentatorite na Arena Sport e: RADUJ SE MAKEDONIJO I CUVAJ OVAJ KLUB,,
,,Shtom Vardar ce go pobedi Vesprem vo finaleto komentatorite na Arena sport treba da dobijat 8-mo septemvriska nagrada.,,
,,RAVO MOMCI,MAKEDONIJA VI E BLAGODARNA🙏💖KAKOV PRENOS ,KAKVA PODRSKA,KAVI SRCA IMATE🙏💖HVALA VAM OD srca,,
,,АРЕНА итно да добие национална концесија, а двајцата коментатори да се прогласат за почесни граѓани на Скопје.,,