Инспекција ги проверува експресните вработувањата на Жерновски


Инспектори на Трудовиот инспекторат вчера го посетиле кабинетот на новиот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, објавија македонски портaли повикувајќи се на извори од општината.

opstina centarСпоред информациите кои ги објавија повеќе медиуми инспекторите во скопската општина дојдоа веднаш откако беа објавени информации дека Жерновски направил неколку експресни вработувања, без огласи, на негови блиски луѓе и на сопартијци.  на самото место ги начекале новинарката од згаснатата телевизија „А1“, Kатерина Цаневска-Арсовска, која учествуваше и во „отпорот“ на опозицијата предводена од СДСМ, потоа Офелија Ивановска, поранешна новинарка во „Фокус“ и потпретседателката на ЛДП, Роза Топузовска-Kаревска.

Kако што веќе беше објавено, Жерновски изминативе неколку недели, со одлука, на платен список на Општината ја ставил Цаневска-Арсовска, како дел од секторот за поддршка на градоначалникот со плата од 44.000 денари.

andrej zernovskiТаа за медиумите изјави дека не е вработена и не потпишала ништо, иако новинарите со неа стапиле во контакт преку телефонот на оваа општина. Меѓу примените е и Јулија Малахова, ќерка на член на СДСМ и член на Советот на Општина Центар во претходниот состав. Деновиве беа објавени и информации дека во општината речиси со полно работно време често доаѓа и поранешниот лидер на ЛДП и сопартиец на Жерновски, Ристо Пенов.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера не можеа да ја потврдат контролата, но велат дека ако тоа се случило, нема да биде ништо невообичаено бидејќи инспекторатот прави редовни контроли. Инспекторите во скопската општина дојдоа само неколку дена откако беа објавени информации дека Жерновски направил неколку експресни вработувања, без огласи, на негови блиски луѓе и на сопартијци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1