Инспекцијата потврди – и македонското млеко Дукат е канцерогено


Лабораториските испитувања спроведени во Македонија на производите на хрватски „Дукат“ потврдија дека во млекото „Лагано јутро“  има зголемено присуство на афлатоксин М1.

lagano-jutro_sirokaКако што соопшти Агенцијата за храна и ветеринaрство, добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 со просечна вредност од 0,152 микрограми на килограм. Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет.

Овие количини, како што стои во соопштението, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со задолжително испитување на афлатоксини при увоз на млеко и производи од млеко.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1