Интерактивната тродимензионална мапа ви овозможува да ги следите температурите, врнежите, бурите и дури и ураганите ширум светот во реалното време
На мапата наречена MeteoEarth можете да се движите ширум 3Д глобусот со помош на глувче, а со избирањето на иконите од десната страна исто така можете да откриете какво е времето во светот.
Сајтот MetoEarth.com го покрена компанијата MeteoGroup, со седиште во Лондон, една од водечките приватни компании за време во Европа.
Корисниците можат да го погледнат времето ширум целата земјина топка, зумирајќи на различни подрачја од светот или да го ротираат глобус со помош на маусот.
Можат да се следат на пример и тропските бури со кликање на копчето кое води кон подрачјата во светот, каде се појавува таква бура и линијата, која го покажува нејзиното движење.
Со избирањето на таквата опција корисникот ќе добие и детали за бурата – нејзиното име, брзината и налетот на ветерот и друго, наведува „Дејли мејл“.