Интернетот ви е спор, затоа што го чувате рутерот на погрешно место


Сите ние го имаме доживеано оној болен момент кога ни “паѓа” интернетот, кога врската неочекувано ќе се прекине. Тоа е затоа што има правилно и неправилно нагодување на WiFi рутерот, а поради погрешниот начин страните споро се вчитуваат, а “симнувањето” на филмови трае бесконечно.

Џејсон Кол, докторант по физика на Империјал Колеџот во Лондон, со помош на математика открил кое е најдоброто место за сместување на безжичниот рутер.20.03.internet_1

Кол за својот стан се послужил со Хелмхолцовата равенка – која се користи за мапирање на електромагнетни полиња како оние кои ги емитира рутерот. Тој открил дека сместувањето на рутерот во далечен, неупадлив ќош не е идеално за добрата врска, иако поголемиот дел од нас го правиме токму тоа.

Во разговорот за “Huffington Post”, Кол даде низа совети со чија помош вашиот рутер ќе испраќа појак сигнал во вашата куќа или стан и на тој начин ќе го намали бесконечното време на чекање.

1. Поставете го рутерот во средишна позиција.

2. Немојте да го опкуржувате со метални предмети.

3. И бетонските ѕидови се “непријатели”.

4. Не го чувајте рутерот во близина на микробрановата печка.

5. Поставете го високо.

6. Поставете ја антената кон горе за подобар хоризонтален прием или на страна за вертикална.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1