Интернетот ви кочи зошто во тек е најголемиот хакерски напад во историјата (Видео)


Интернетот ширум светот е забавен поради хакерскиот напад кој што безбедносните експерти го нарекуваат најголемиот напад од овој вид во историјата.Во позадината на нападот е конфликтот помеѓу организацијата за борба против спамот, односно непосакуваните електронски пораки, и холандските компании за веб хостинг, пренесува “BBC”.

hakeri1_1362838026_670x0Имено, “Spamhaus”, непрофитна организација за филтрирање на непосакуваната пошта, со седиште во Лондон и Женева, чии што услуги ги користат голем број на корисници, на својот список на блокирани сервери привремено ги стави и оние на “Cyberbunker”, компанија за веб-хостинг, која тврди дека објавува се освен детска порнографија и терористички материјал.

Затоа тие возвратија со т.н “DDoS”, а станува збор за затрупување на метата со голема количина на интернет промет, се со цел истата да престане да функционира.

“Spamhaus” тврди дека зад нападот стои “Cyberbunker” во соработка со злонамерните банди од Источна Европа и Русија. Главниот извршен директор на “Spamhaus”, Стив Линфорд, вели дека под напад се наоѓаат веќе една недела, односно дека се уште се спротивставуваат и понатаму функционираат.

mobilni-operateri-mobilni-telefon-hakeri-prevara-sim-kartica-telekom-telen-1348522632-211988

“Нас не можат да не срушат затоа што имаме повеќе од 80 сервери ширум светот. Изградивме најголем “DNS” сервер”, вели Линфорд.

Тој додава дека нападот го истражуваат пет различни државни полиции за сајбер-напади ширум светот.

Влијанието на нападот засега го чувствуваат сервисите како што е “NetFlix”, но експертите се плашат дека помеѓу жртвите би можеле да се најдат и банкарските системи, односно системите за електронска пошта.

Линфорд тврди дека нападот е толку силен што може да ја сруши и владината интернет инфраструктура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1