Паника во Грција: Бомба експлодираше во центарот на Атина


bomba vo atina

Бомба експлодира вечерва во близина на домот на бродосопственик во центарот на Атина, во непосредна близина на Акропол. Експлозијата предизвика материјална штета, но нема жртви или повредени лица, соопшти полицијата, пренесува МИА

Експлозијата се случи во  20 часот и 30 минути по локално време, по телефонски повик во грчки весник дека претстои експлозија.

Портпаролот на полицијата изјави дека полицајците на терен успеале да евакуираат неколку луѓе од зградата и да го изолираат туристичкиот објект.

Не е познато името на бродосопственикот. Засега се уште никој не презема одговорност за нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1