Интервју со Виолета Томовска: Мојата борба со ракот на дојка


„Како и многу други жени, така и јас, случајно, со мал допир на едната и другата дојка, почувствував дека има некоја промена, дека нешто се случува. Од страната напипав нешто што наликуваше на грутка, а тоа го почувствував додека бев на настап во Шведска, па си помислив дека е сигурно поради промената на клима и сл.“, ја раскажува својата животна приказна доајенот на македонската народна песна Виолета Томовска за порталот Panacea.mk
35 години како сте оперирани од рак на дојката, ќе Ве навратам наназад, во далечната 1983 година, кога Ви беше дијагностицирана болеста. Какво беше Вашето прво соочување со ракот на дојка?
Томовска: Во овие мигови е многу лесно човек да зборува… Ќе излажам ако кажам дека не сум среќна што дупло го проживеав животот и се израдував на уште многу убави моменти и во семејството, и на естрадната сцена. Како и многу други жени, така и јас, случајно, со мал допир на едната и другата дојка, почувствував дека има некоја промена, дека нешто се случува. Од страната напипав нешто што наликуваше на грутка, а тоа го почувствував додека бев на настап во Шведска, па си помислив дека е сигурно поради промената на климата и сл. Се вратив дома, но по неколку дена морав да одам за Холандија. И тогаш повторно, како што пофатив на едната и другата дојка, ги осетив истите промени по втор пат. Немаше никаква промена ниту по неколку дена, ништо не беше спласнало…

Во тој период колку и да сакав да останам дома, имав напад на бубрег, па бев растрчана, се снимав итн., а дојките останаа некако во позадина, како не многу битна и приоритетна работа. Си велев: ништо не ми е, ќе помине, нема ништо. Но, откако поминаа 15 и повеќе дена, а промената беше иста, со иста големина и на двете дојки, алармот се вклучи и јас низ смеа му реков на маж ми дека нешто не ми се допаѓа, а тој мислеше дека се шегувам… Без да знае сопругот, а бидејќи имав проблеми со бубрегот, заедно со поголемата ќерка отидовме до онкологија, без упат, без ништо, сакав чисто да прашам еден од професорите, да му кажам дека чувствувам нешто, па тој да види дали има некоја промена за да се крева паника.

Првата средба со болеста се случи во кабинетот на професорот од онкологија. Седев во кабинетот на професорот и кога тој одеднаш викна: „Што е ова, каде живееш ти, во село?!“ Јас се чудев што вика толку, ја погледнав ќерка ми и и реков: не се секирај, нема ништо. И така насмеана му побарав на професорот упат за пункција и мамографија. Истиот ден ги направив двете. Резултатите од пункцијата требаше да бидат готови наредниот ден, а резултатот од мамографија уште истиот ден. Попладне го земав и додека сопругот ме возеше во автомобил, го отворив и прочитав: „Туморозно ткиво и на едната и на другата страна…“ Прво што му реков на сопругот е каде ќе ме носи на операција…

Целото интервју прочитајте го на следниот линк – Panacea.mk

Интервју со Виолета Томовска: Мојата борба со ракот на дојка

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1