ИНЦИДЕНТ: Мигрант застрелан од бугарската гранична полиција


Мигрант почина откако во него било пукано од страна на припадници на бугарската гранична полиција во Средеч, во близина на границата со Турција.

Застреланиот мигрант починал на пат кон болницата.bugarija granica

-Наша гранична патрола вчера наишла на група од 50 престапници, кои илегално влегле во земјата, изјави главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Геогри Костов, за националното радио БНР.

Според него, бегалците биле на возраст од 20 до 30 години, најверојатно Авганистанци.

При апсењето тие давале отпор, а еден од полицајците пукал во знак на предупредување.

Еден од мигрантите бил погоден со рикошет и тој подоцна починал од здобиените повреди.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, кој вчера  учествуваше на самитот на ЕУ за бегалци, веднаш по веста за инцидентот на границата ја напуштил средбата во Брисел.

Бугарија и Турција имаат заедничка граница во должина од 160 километри, а официјална Софија, со намера да го спречи приливот на бегалци од Сирија и Авганистан, го зголеми бројот на гранични полицајци, инсталира камери и сензори на границата и крена ограда.

Портпаролот на УНХЦР, Борис Чеширков, ја осуди употребата на огнено оружје против мигрантите и ги повика бугарските власти да спороведат транспарентна истрага за овој инцидент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1