Денеска попладне полицијата беше спречена да изврши контрола на нелегалната продажба на петарди при што со полесни повреди се здобил еден полициски службеник, јавува Сител.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, полицијата околу 14 часот била спречена да ја изврши контролата од поголема група луѓе на скопски Бит пазар. Со цел да ги предупреди полициските службеници пукале во воздух. Групата подоцна се разотишла.
Полицијата во овој период врши секојдневни контроли со цел спречување на нелегалната продажба петарди. Во овој месец има запленето околу 200.000 парчиња.
Сител