Инцидент на Бит Пазар: Полицијата нападната при акција за заплена на петарди


Денеска попладне полицијата беше спречена да изврши контрола на нелегалната продажба на петарди при што со полесни повреди се здобил еден полициски службеник, јавува Сител.

bitpazarКако што информираа од Министерството за внатрешни работи, полицијата околу 14 часот била спречена да ја изврши контролата од поголема група луѓе на скопски Бит пазар. Со цел да ги предупреди полициските службеници пукале во воздух. Групата подоцна се разотишла.

Полицијата во овој период врши секојдневни контроли со цел спречување на нелегалната продажба петарди. Во овој месец има запленето околу 200.000 парчиња.

Сител

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1