ИНЦИДЕНТ НА ГРАНИЦА: Македонските цариници вратиле радиоактивен алуминиум во Србија


Царинската управа на Србија ја префрлила одговорноста, а директорот на Заводот за здравствена заштита на работниците што ја контролирал радиоактивноста на спорниот алуминиум, тврди дека пратката била во ред.

Македонските цариници на граничниот премин „Табановце“, спречиле увоз на радиоактивен отпаден алуминиум од Србија, наменет за фирма во Скопје, пренеле македонските агенции.
Отпадниот метал, кој зрачи двојно повеќе од дозволеното, пронајден е во возило со српски регистрации.
Институтот за јавно здравје на Македонија на лице место утврдило високо ниво на јонизирано зрачење од близу 500 наносиверти на час, додека максималното дозволено е од 200 – 250 наносиверти на час.

За настанот е известена Дирекцијата за радијација во Македонија и Комисијата за радиоактивна контрола, а камионот е вратен во Србија.
За робата е пратено извештај од Одделот за заштита и зрачење од Ниш, во кој не се констатирани неправилности. Се уште не е познато каде е товарен алуминиумот, и кој бил неговиот купувач во Македпонија.
Во Царинската управа на Србија одбиле било каква одговорност околу овој инцидент, и истакнале дека за радиоактивниот алуминиум во овој случај, е одговорен Заводот за заштита на работниците во Ниш, кој ги издал потребните документи.
– Со оглед на тоа дека извозникот ја поседувал сета потребна документација, а  надлежната институција во овој случај Заводот за здравствена заштита на работниците – Ниш, т.е. Службата за лабораториска дијагностика – Одделението за заштита од зрачење – не констатирало никакви неправилности, па нема простор за да зборува за било каков пропуст на царинските службеници – соопштено е од српската Царинската управа .
Миодраг Антиќ, шеф на Одделението за заштита од зрачење во Службата за лабораториска дијагностика во нишкиот Завод за здравствена заштита на работниците, кој ја контролирал радиоактивноста на спорниот алуминиум  и понатаму тврди дека контролата што ја извршиле тие на оваа пратка, не покажувала недозволени вредности на радиоактивно зрачење.

– Контролата за радиоактивност на ваков товар, се извршува така што со соодветен уред го заобиколуваме камионот, значе не го отвараме. Ако не покаже поголема доза, што овде беше случај, се пишува дека е во ниво на фон. За подрачјето на Ниш, тој фон е 0.13 микросиверти на час, но овие вредности се разликуваат зависно од територијата. Меѓутоа, македонските прописи во поглед на радиоактивноста се значително построги, тие дозволуваат само 0.2 микросиверти на час, па претпоставуваме дека тоа е причина што дошло до овој случај – објаснува Антиќ.

Тој не прецизирал колкаво било нивото на зрачење на оваа пратка, туку само соопштил дека се движело во границите на дозволеното, но, ја исклучил можноста дека во текот на мерењето дошло до грешка.
– Мерењето на радиоактивноста го вршат обучени лица, а со оглед дека ние сме акредитирана лабораторија за вакви постапки, нашите уреди подлежат на еталонизирање, т.е. контрола од страна на надлежните служби, така да не постои можност за грешка – кажува Антиќ.
Коментирајќи ја оваа ситуација, Антиќ објаснува дека е можно дека во пратката нешто влегло, што предизвикало реакција на уредите за мерење на радиоактивноста, а дека самиот алуминиум воопшто не е контаминиран.

– Имавме ситуација дека катадиоптер од велосипед упаднал во пратката за време на транспортирањето, па целиот товар покажал недозволено ниво на радиоактивност, а всушност пратката била исправна. Во секој случај ќе утврдиме за што се работи во постапката за деконтаминација – соопштил Антиќ.
Инаку, алуминиумот што македонските власти го вратиле од граничниот премин „Табановце“ поради недозволено високо ниво на радиоактивност, утре ќе биде деконтаминиран во Адровец, село во близина на Алексинац каде се извршуваат процедурите за уништување на опасни материи.

Share Button

Tags:

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1