Активисти на СДСМ вечерва пробале насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ кој се наоѓа на улицата Рузвелтова во скопски Карпош, пишува Република
Со тупаници и шамари физички го нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски. Според информациитедо кои стигна Република, биле употребени и ножеви и лисици.
Јакимовски претходно јавно го призна поразот во Карпош и му ја честиташе победата на против кандидатот Богоев од СДСМ.
Во моментов пред штабот на ГРОМ врие од полиција.