СДСМ прогласи победа во 38 општини


Владејачката СДСМ прогласи победа во прв изборен круг во Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Гевгелија, Дебарца, Делчево…

„Во Македонија денеска по долго време се гласаше без притисоци и граѓаните слободно ја изразија својата волја. Согласно изборната волја на граѓаните, СДСМ и коалицијата има водство и извесна победа во следните општини – Аеродром, Битола, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес…“, информираше на прес-конференција ги соопшти пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегчиќ.

Според партиските информации, СДСМ и коалицијата имаат предност и во Струмица, Охрид, Центар,Гевгелија, Градско, Дебарца, Берово, Делчево, Бутел, Дојран, Ѓорче Петров, Карбинци, Карпош, Кожани,Крива Паланка,Кривогаштани, Крушево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Старо Нагоричане, Центар.

СДСМ, според Туфегчиќ имаат предност и во Демир Хисар, Кисела Вода, а неизвесно е во Штип. Таа прогласи убедлива победа во Карпош во првиот круг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1