Инцидент во амбасадата на САД во Берлин – влегол со куферче и барал пасош


Засега неидентификувано лице кое носело куферче е уапсено денеска рано изутрина при обид да влезе во американската амабсада во Берлин, јави дописникот на МИА.

Лицето на 23-годишна возраст во влезниот дел од амбасадата влегол со американски пасош и побарал да го обнови патниот документ но откако бил упатен во канцеларијата за конзуларно – пасошки прашања удрил еден член на обезбедувањето на амбасадата.amerika

Според американската амбасада откако бил совладан и му биле ставени лисици на рацете напаѓачот рекол дека има бомба во куферчето.

Германски експерти за бомби подоцна со помош на робот утврдиле дека куферот не содржел никакви опасни материјали.

Лицето е носител на германски и американски пасош, изјави полициски службеник во врска со настанот по кој напаѓачот е во притвор каде што се прават проценки дали тој треба да добие и психолошка помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1