Инцидент во Градската болница во Скопје


Претепано обезбедувањето на Градската Општа болница во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 13.40 часот во Градската општа болница обезбедувањето од агенција за обезбедување физички било нападнато од повеќе лица кои биле со две возила од кои едното возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, по што избегале.gradska-520x311

По кратко време, од страна на полициски службеници, возилото „БМВ“ било запрено на подрачјето на полициската станицца Бит Пазар, при што приведен е М.Р. (27) од с.Батинци, скопско, додека другите две лица со непознато возилото избегале. Во ГОБ „8-ми Септември“ лекарска помош побарале лицата А.Л. (30), Е.К. (27), С.А. и А.Л., сите вработени во агенција за обезбедување .

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1