ИО на СДСМ донесе одлука за предвремени парламентарни избори


Извршниот одбор на СДСМ ги овласти претседателот и координаторот на пратеничката група, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.

Заврши состанокот на Извршниот одбор на СДСМ на кој беше разгледувана состојбата и следните чекори по неделниот референдум во Македонија.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по состанокот не прецизира за што се разговарало, посочувајќи оти ќе биде издадено соопштение за медиумите од партиската прес-служба.

Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните амандмани во Собранието, Заев кусо кажа дека ќе се направат сите можни обиди да се најде решение.

– Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови. Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.
Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ.

Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучи Извршниот одбор на СДСМ.

Извршниот одбор оцени дека треба да се искористат сите демократски можности, да им се овозможи на пратениците да го следат гласот на граѓаните и да обезбедат членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Извршниот одбор ги овласти претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.“, се вели во соопштението на СДСМ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1