Иран се закани – ќе го збрише Израел од лицето на земјата


Ова е една од најострите закани на Иран, и тоа токму на денот кога Европската унија стартуваше со ембарго на иранската нафта како и други мерки со кој на Иран ќе му се отежни тргувањето.

Генералот на иранската Револуционерна гарда Amir Ali Hadžizadeh соопшти денеска дека идната недела Иран ќе спроведе тридневни ракетни проби, кој треба да бидат сватени како порака до Исламската Република Иран дека е одлучна да се спротистави на секој напад.

,, На било каков напад од страна на Израел ќе одговориме оштро и доколку превземат било каква акција ќе ни дадат изговор да ги избришеме од лицето на земјата,, изјави Hadžizadeh

Тој ги потсети и американските власти дека американските бази во регионот се на домет на иранските проектили и друго оружје и затоа САД нема да соработува со израелскиот режим.

Иран на 29 јуни упати предупредување до Западот дека нови санкции ќе имаат сериозни последици посебно за преговорите околу спорниот ирански нуклеарен програм.

Иран е во децениски спор со западните земји околу нуклеарниот програм. Техеран негира дека целта е производство за нуклеарно оружје.
Дури и на последниот состанок со 6 велесили во Москва не е постигнат договор. Иран бара да му се признае правото да обогатува ураниум и да му се намалат санкциите. САД и останатите велесили не го прифатија ова барање.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1