Претставник на хотелот изјавил дека тој ги зел со себе сите свои лични работи и се одјавил. Се верува дека тој се’ уште се крие на територијата на Хонг Конг.
Британски „Гардијан“ претходно објави дека „претставник на хонгконшките власти го советувал Американецот да го напушти Хонг Конг. Бирото на директори на државното разузнавање на САД соопшти дека целиот случај е пријавен кај американското Министерство за правда, како „криминал“.
„Гардијан“ во своето интернет издание објави 12-минутно интервју со Сноудин направено во Хонг Конг, каде тој престојува од 20-ти мај. Тој сам посакал да му биде откриен идентитетот како извор на информацијата за тајните програми на обвинителството за следење на телефони и интернет комуникации преку директен пристап до серверите на девет од најголемите интернет компании како Гугл, Фејсбук, Скајп и Јутјуб.
„Чувствував обврска да им помогнам на слободните луѓе од угнетувањето на кое се изложени“, изјави пред своето исчезнување Едвард Сноудин.