Исчезна агентот на ЦИА кој ја откри тајната за прислушкувањето на телефоните


Американецот Едвард Сноудин, кој ги обелодени информациите за тајното надгледување и прислушкување на телефоните и на интернет мрежата, од страна на американските безбедносни служби, исчезна од хотелот во Хонг Конг, каде престојуваше по бегството од САД.

Претставник на хотелот изјавил дека тој ги зел со себе сите свои лични работи и се одјавил. Се верува дека тој се’ уште се крие на територијата на Хонг Конг.

enhanced-buzz-26051-1370803724-10Британски „Гардијан“ претходно објави дека „претставник на хонгконшките власти го советувал Американецот да го напушти Хонг Конг. Бирото на директори на државното разузнавање на САД соопшти дека целиот случај е пријавен кај американското Министерство за правда, како „криминал“.

„Гардијан“ во своето интернет издание објави 12-минутно интервју со Сноудин направено во Хонг Конг, каде тој престојува од 20-ти мај. Тој сам посакал да му биде откриен идентитетот како извор на информацијата за тајните програми на обвинителството за следење на телефони и интернет комуникации преку директен пристап до серверите на девет од најголемите интернет компании како Гугл, Фејсбук, Скајп и Јутјуб.

„Чувствував обврска да им помогнам на слободните луѓе од угнетувањето на кое се изложени“, изјави пред своето исчезнување Едвард Сноудин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1