Исчезна ќерката на Легија


lukovic

Полицијата во Торонто цел викенд трага по ќерката на Милорад Улемек Легијата, 15-годишната Николија Луковиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, канадската полиција во неделата преку телевизиската станица ЦП24, апелирала доколку некој ја види тинејџерката која последен пат била забележана во трговскиот центар во Торонто, на аголот од улицата Блур и Кил.

Девојчето носело темносин или црн џемпер и долна тренерка од марката „Рутс“. Исто така било објавена и нејзина фотографија, пренесе Новости.

Засега полицијата не ги соопштува можните мотиви за исчезнувањето на Николија. Таа на Легијата му е жерка од бракот со канадската новинарка Маја Луковиќ.

ОБНОВЕНО

Николија Ники Луковиќ, 15-годишната ќерка на Милорад Улемек Легијата, се вратила дома жива и здрава.

– Се е во ред. Се врати дома, вели бабата на Николија, 15-годишната ќерка која Легијата ја има од бракот со Маја Луковиќ.

Канадската полиција не соопштува никакви информации за тоа како девојчето исчезнало и како и каде е пронајдено. Според неофицијални информации, познато е само дека таа се јавила дома од телефонот на некоја другарка, но не се знае каде била, дали била киднапирана или самата избегала од дома.

Инаку, ќерката на Легијата, исчезнала од дома во петокот околу 15 часот. Полицијата упати апел до граѓаните да се јават веднаш ако ја видат, опишувајќи ја како девојче со светла коса, високо 1.70, слаба, тешка 54 килограми, со кафени очи, која во моментот на себе имала црн џемпер.

За потсетување, Маја и Легијата се венчаа во 1994 година, а нивен кум беше Жељко Ражнатовиќ Аркан. Се претпоставува дека легијата никогаш не си ја видел ќерката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1