Исчезна седумгодишната внука на Леонардо Ди Каприо


Загриженото семејство и пријателите ја бараат седумгодишната Нормади Фарар, внуката на холивудската ѕвезда Леонардо Ди Каприо.

Нормади е ќерка на полубратот на Ди Каприо, Адам фарар, кој е уапсен минатиот петок поради поседување дрога, кражби и поради вознемиварување. Пет дена порано, полицијата ја уапсила и нејзината мајка Черити Мур и оттогаш не се знае каде е девојчето.

leonardo di kaprio vnuka

Имено, Адам и Черити побегнале во Тексас за да бидат што подалеку од Калифорнија, каде социјалната служба ги барала поради занемарување на детето.

– Ситуацијата е многу загрижувачка. Сега кога двајцата се во затвор, никој во семејството Ди Каприо не знае каде е Нормади. Не знаеле ниту дали Адам и Черити се уапсени – рекол еден семеен пријател.

Сепак, таткото на Черити, Дон изјавил дека девојчето е добро и на сигурно.- Ова сето е бизарно. Моажм да ви кажам дека Нормади е добро и тоа е се што ќе ви речам – рекол таткото на Черити.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1