Села ќе ги менува имињата на училиштата – немало ниеден албанец


Имињата на училиштата и улиците во Струга треба да се менуваат зашто повеќето од нив влечат корени од претходниот режим кога Македонија беше во рамките на СФРЈ, а од друга страна во градот нема улица што носи име на истакнат Албанец, смета струшкиот градоначалник Зијадин Села, пренесува МИА

zijadin selaСпоред него,  називите треба да ги предлагаат етничките заедници кои живеат во градот.

– Кога сме за демократија и за овој систем и кога сакаме да заборавиме на претходниот систем, не треба да си дозволиме да имаме имиња од претходниот систем. Граѓаните имаат право да поднесат иницијативи за менување на имињата. Еве на пример, училиштето „Јосип Броз Тито“ го носи името на маршалот, на претседателот на Југославија. Има многу граѓани кои трпеле од  тој систем. Не е во ред дете на некој што бил политички затвореник од тоа време да учи во училиште кое го носи името на тој претседател, вели Села.

Истиот проблем, вели тој,  се јавува и со имињата на улиците во градот, за кои, како што додава, не одговараат на современите прилики.

– Дали е во ред, во град каде што над 51 проценти живеат Албанци и каде што околу 35-36 проценти се Македонци, а живеат и Власи, Турци, да нема улица што ќе го носи името на некој Албанец кој вреди. Има имиња на Македонци, Срби, има улица „ЈНА“, но нема ниту една улица со албанско име, додава струшкиот градоначалник Села.

Проблемот со имињата, според него, лежи во Охридскиот рамковен договор, бидејќи како што вели, за промената е неопходно двојно мнозинство.

– Како пратеник сакав да предложам закон со кој би се укинале сите имиња на улици и на локалните власти да им се даде време од две години за да најдат компромис за имињата на улиците, а ако не се најде компромис, улиците да се именуваат со бројки. Има многу лауреати од Струшките вечери на поезијата кои можеме да ги поставиме како имиња на улици, смета Села.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1