Во текот на вчерашниот ден во 14 часот во полициската станица Ѓорче Петров, 66-годишниот С.Н. од селото Буковиќ, скопско пријавил дека неговата ќерка исчезнала.
Тој изјавил дека на 22.12. во 13 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка, 42-годишната Ф.Е.
Се преземаат мерки за да му се помогне на очајниот татко.